Честопати, динамиката на нездравите односи всушност е поттикната од лошите комуникациски вештини. Како психолог која е образована на Харвард, која поминала 20 години работејќи со парови – д-р Кортни Ворен открила дека најштетниот начин да комуницирате со вашиот партнер е – презирот.
Презирот е верување дека некоја личност е под вас, безвредна или заслужува потсмев. Кога некој чувствува презир кон партнерот, чувствува дека е оправдано да го понижува, срами или повредува.
„Една реченица која го одразува презирот и за која најчесто сум била сведок како ги уништува односите е: „Посакувам никогаш да не се запознавме“.
Во продолжение уште неколку фрази каде може да се појави презир:
„Ми го уништи животот.“
„Ти си ми препрека.“
„Не ми е гајле што мислиш или како се чувствуваш.“
„Ти си патетичен.“
„Не си вреден за моето време.“
„Ми должиш. Те трпев со години.“
„Да не беа децата, до сега ќе те оставев.“
„Ми се гадиш.“
„Никој друг не би те посакал.“
Презирот може да се пренесе и преку невербални гестови, како што се презирниот говор на телото или драматичното превртување со очите. Сето тоа се обиди на личноста исполнета со презир да ја омаловажи другата личност и да создаде дискрепанција на моќта.
„Тоа на крајот може да ги уништи темелите на здравата романтична врска и може да доведе до помало задоволство во односот“, открива психологот.
Како да создадете поздрава динамика на односот
Доколку чувствувате презир кон партнерот, постојат начини да се борите против тоа, како не би наштетило на вашата врска.
Пауза: Кога се чувствувате возбудени или емоционално вознемирени, одвојте еден момент пред да кажете било што. Внимателно бирајте ги зборовите и настојувајте да комуницирате со почит и љубезност, а не со наштетување.
Преземете одговорност: Ова вклучува признавање на вашите избори, вашите обрасци и вашето ангажирање во дисфункција. Невозможно е проблемот да е само во другиот партнер.
Извинете се: Искрено кажете дека ви е жал кога ќе направите нешто навредливо или подло
Научете да се расправате продуктивно: Вие и вашиот партнер сте тим. Целта е да комуницирате на начини кои ја потврдуваат вашата посветеност, желба за поврзување и меѓусебно почитување.
Искористете ја својата љубов кон партнерот: Кога сакате да го критикувате или промените, сетете се зошто воопшто сте се собрале пред да дадете конструктивни повратни информации.
„Најголемиот совет што им го давам на луѓето е да се обидат да најдат благодарност. Секогаш има што да научиме од раздорот во нашите односи. Побарајте нешто позитивно што можете да го земете и научите од секоја интеракција, дури и ако процесот е вознемирувачки, порачува психологот.