Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари.
Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади.
Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење.
Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето.
Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.
Рибата за време на Божикниот пост се разрешува во саботните и неделните денови, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток.
Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.
Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена.