Живот и Стил Фенг шуи

Не е маче или куче: Ова домашно милениче ќе ви донесе многу среќа

Само мажените жени во Грција добиваат златна рипка како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца, а многумина веруваат дека златната рипка е најмоќниот талисман кој привлекува богатство.

Не е маче или куче: Ова домашно милениче ќе ви донесе многу среќа

Фенг шуи стана многу важен во последните децении кога станува збор за украсување и внесување предмети во домот, за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство.

Многу малку луѓе знаат дека овој миленик може да донесе неверојатна количина на добро за целото семејство, а тоа е златна рипка.

Ова животно е високо ценето низ ориенталниот свет и е многу почитувано од будистите бидејќи претставува еден од светите амблеми на Буда. Источните земји цврсто веруваат дека семејствата кои имаат златна рипка во својот дом живеат долг и здрав живот, а Египќаните уште од античко време верувале дека овој миленик носи среќа на целото семејство.

Само мажените жени во Грција добиваат златна рипка како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца, а многумина веруваат дека златната рипка е најмоќниот талисман кој привлекува богатство.

Кинезите веруваат дека златната рипка чува добра енергија во куќата, без која според нивното верување нема мир, благосостојба и пари во ниту еден дом.

Најнови вести од Живот и Стил

To top