Кејтлин Пајл (36) била деловна жена, мажена и добро ситуирана, а потоа целосно го променила животот, оставајќи ги луѓето во шок.
Нејзиното богатство некогаш се проценувало на четири милиони долари, живеела во вила на Флорида, додека денес таа го претставува минималистичкиот начин на живот.
Се започна со разводот во 2019 година и одлуката да се направи голем пресврт, пренесува „Њујорк пост“.
Кејтлин го продала бизнисот, се иселила од куќата (сега ја издава за 22.000 долари месечно) и купила комбе за 88.000 долари.
View this post on Instagram
Таа потрошила дополнителни 100.000 долари за да го поправи возилото и го започнала животот на „дигитален номад“. Досега патувала во осум земји и истакнува дека ужива во животот како никогаш досега.
-Ова е најдобрата одлука што сум ја донела. Сама ги избирам моите авантури во животот. Имам многу поголема самодоверба. Стекнав нови пријатели, имав романси, открила Кејтлин.
Денес работи како онлајн животен тренер, крстосува по патиштата, ужива во природа, шета, планинари…
-Запознав толку многу интересни луѓе. Порано одев на скапи одмори, а сега трошам по 30 долари дневно и живеам како што отсекогаш сум сакала, заклучува Кејтлин.