Една студија објавена во списанието New Beauty се обиде да даде универзален одговор за привлечноста.
Во истражувањето учествувале 16.000 луѓе од осум земји: Германија, Италија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, САД и Канада.
Сите испитаници одговориле на едно, наизглед едноставно прашање: На која возраст жените се најпривлечни, а на која возраст мажите?
Резултатите од истражувањето покажале дека жените се најпривлечни на 28, а мажите на 32 години.
Интересно е што резултатите во поединечни земји се разликуваат од вкупните резултати.
На пример, во Велика Британија универзалниот одговор беше дека жените се најубави на 23, а мажите на 33, додека Американците сметаа дека жените се најпривлечни на 31, а мажите на 34 години, пишува Глоси.