Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 декември.
Денеска е Преподобен Данил Столпник.
Се роди во Месопотамија, во селото Витара, во почетокот на петтиот век. Беше син единец на своите родители, измолен од Бога, бидејќи тие долго време немаа деца. Кога имаше 12 години Данил стапи во еден манастир.
После долги години подвиг, тој се пресели близу Византион и се искачи на еден столб. На тој столб се подвизуваше цели 33 години, а наскоро околу него се собра голем број други подвижници што го бараа неговото духовно раководство.
Свети Данил се упокои во длабока старост, во 490 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Бадник.
Сите христијански народи го прославуваат Божик со најразлични обичаи. Божикното дрво се поставува во село и во град. Додека се украсува борот, се пејат весели божикни песни. На Божик го славиме раѓањето на Исус Христос и ја споделуваме својата радост со нашите пријатели, соседи, роднини, сиромашни, болни и сите други со кои ќе се сретнеме овие божикни денови. Во знак на радост нека одекне божикната песна: “Насекаде на земјата мир”.