Социопатите се личности кои целосно ги игнорираат чувствата и потребите на другите. Тие се рамнодушни, несовесни и склони кон манипулации. Нивната состојба не може да им наштети, но тоа сигурно ќе им наштети на луѓето во нивна близина.
Во занесот на љубовта, предупредувачките знаци се тешко видливи и нејасни, бидејќи како што велат „љубовта е слепа“.
Тргнете ги розовите очила и дознајте кои се основните карактеристики на еден социопат.
Недостаток на емпатија
Социопатите не се сочувствуваат со вас и не се грижат дали ве повредуваат со своето однесување. Секогаш сте критикувани и лесно понижувани.
Ароганција
Тие се издигнуваат над вас во секоја ситуација. Зрачат прекумерна самодоверба. Не го прифаќаат вашето мислење ако тоа се коси со нивното, бидејќи секогаш во сѐ се во право.
Нарцизам
Нивното чувство за самопочит е бескрајно големо. Тие изгледаат како друштвени луѓе, но, всушност единствената личност за која се интересираат се самите тие. Со задоволство бараат маани кај другите, додека се величаат себеси дури и кога нема причина за тоа.
Брзо се лутат
Секогаш мора сѐ да биде по нивно и не прават компромиси. Лесно се лутат дури и за тотално неважна работа. Ако сакале нешто од вас и не го добиле, има многу, многу бурна реакција.
Иако ова се само дел од карактеристиките на социопатите, тие се доволни за да сфатите колку таквите луѓе можат да бидат опасни за вас. Забележете ги првите знаци на опасност на време и затворете ја вратата зад себе засекогаш.