Живот и Стил

Ема живеела 117 години и ја откри тајната на долговечноста: Секој ден јадела иста храна и пиела ракија

Со текот на годините, Ема продолжила да го намалува внесот на храна, но до самиот крај се задржала на едноставните навики кои ја следеле во текот на животот.

Ема живеела 117 години и ја откри тајната на долговечноста: Секој ден јадела иста храна и пиела ракија

Таа стана симбол на неверојатна долговечност, живеејќи до неверојатни 117 години и остави зад себе фасцинантна приказна за едноставен начин на живот кој ја одржувал витална низ децениите.

Ова е приказна за Ема Морано, една од најстарите жени во светот, која доживеала 117 години. Родена на 29 ноември 1899 година во Италија, Ема живеела до 15 април 2017 година, станувајќи последната личност родена во 19 век. Како суперстогодишник, таа влезе во историјата како четврта најстара Европејка досега, пишува LADBible.

Напредокот во технологијата и медицината го зголеми животниот век, но достигнувањето 117 години е многу ретко, со само 12 потврдени случаи регистрирани во историјата. Тајната на нејзината долговечност лежи во едноставниот начин на живот – строгата диета и избегнувањето на емотивните врски со мажите.

Ема поминала низ многу предизвици за време на нејзиниот долг живот, вклучувајќи договорен брак, губење на единственото дете, повеќе од 90 промени во италијанската влада и две светски војни. По завршувањето на бракот, Ема одлучила да живее сама, верувајќи дека токму оваа одлука придонела за нејзината долговечност.

Во интервју за La Stampa во 2011 година, Ема раскажала како стапила во брак под принуда, иако нејзиното срце му припаѓало на некој што загинал во Првата светска војна. Откако го изгубила синот, Ема се збогувала со идејата за брак засекогаш, верувајќи дека никој не треба да има моќ над нејзиниот живот.

Ема работела до својата 75-та година, одржувајќи позитивен поглед на животот и едноставна, но постојана исхрана.

А што јадела Ема секој ден?

Три јајца, од кои две сурови, а навечер пиела една грапа – лозова ракија. Оваа диета, која ја усвоила откако и била дијагностицирана анемија, била нејзина рутина повеќе од 90 години.

Кон крајот на животот, Ема го намалила внесот на храна, но сепак била во релативно добра здравствена состојба. Нејзиниот доктор Карло Бава, кој ја следел речиси три децении, истакнал дека Ема ретко консумирала овошје и зеленчук, но се држела до својата рутина за јајца.

Генетиката исто така одиграла улога во долговечноста на Ема – нејзината мајка живеела до 91 година, а неколку сестри до стота.

Со текот на годините, Ема продолжила да го намалува внесот на храна, но до самиот крај се задржала на едноставните навики кои ја следеле во текот на животот.

To top