Крупните, богати цветови и бујните темнозелени листови на растенијата кои од пролет до есен ги красат дворовите и терасите, бараат особено внимание и нега.
Со редовното наводнување и отстранување на прецветаните делови, неопходна е прихрана, како и употреба на препарати кои ќе ги штитат растенијата од штетниците, а тоа подразбира не само време туку и дополнителни пари покрај оние кои веќе сте ги инвестирале во растенијата.
За да заштедите пари, растенијата може да ги прехраните и со природни средства и така да им ги обезбедите дополнителните минерали кои ќе го поттикнат нивниот раст и бујност. Кората од банани, вреќичка чај или лушпи од кромид кои ќе ги преработите може да го поправат квалитетот на земјата, но најдобри резултати ќе даде пивото, растворено во вода.
Остатокот од пивото од шише или лименка ставете го во бокал или шише, па прелијте го со вода и добро помешајте, па со тој раствор полевајте ги растенијата еднаш неделно. На 10 милилитри пиво, оптимално се додава еден литар вода.
Пивото не мора да биде свежо, односно и она кое отстоило неколку денови ќе биде корисно за вашите растенија, благодарение на комплексот на витамин Б и ферментираните материи кои ги содржи.
Пивото одамна е познато како средство за јакнење на листовите на собните растенија. Воедно, им дава сјај и може да влијае на интензитетот на зелената боја.