Да се биде жена – ова е едно мултидимензионално патување, придружено со многу уникатни искуства и предизвици. Токму затоа, ова лето во dm ќе биде во знакот на темите кои се важни за нашата заедница и кои имаат за цел да поттикнат разговори за различните аспекти за добросостојбата на жените.
По тој повод, следејќи ги актуелните трендови, на 12 јули најголемиот европски дрогериски ланец го лансира својот сопствен поткаст кој, како што вели неговото име ,,Женски ритам“ ќе го следи ритамот на различните аспекти од здравјето на една жена – од секојдневните предизвици поврзани со менталното и физичкото, па сѐ до менструалното и социјалното здравје. Низ сите 4 епизоди кои ќе бидат објавувани секој втор петок, почнувајќи од 12 јули, со вас ќе биде модераторот Ана Јовковска, а секоја епизода ќе биде проследена со дискусија со интересни и стручни личности од светот на спортот, културата, здравјето.
,,Со задоволство го прифатив предизвикот да бидам дел од dmPodcast-от, посебно поради тоа што женското здравје и женските права и слободи се теми на кои јас лично работам долги години и за кои несебично се залагам на сите полиња… медиумски и академски. Менталното, менструалното, физичкото и социјалното здравје на жените се теми кои имаат гравитациска привлечност за мене и претставуваат еден вид кауза на која сум ѝ целосно предадена! “ – изјави Ана Јовковска, новинарка и писателка и водителка на dm поткастот.
Покрај почетокот на овој популарен формат, компанијата распиша и конкурс ,,{ЗАЕДНО} едни за други“, со цел поддршка на проекти кои придонесуваат за развој и унапредување на менструалното и репродуктивното здравје на жените. Сите здруженија, установи, институции, единици на локалната самоуправа и непрофитни организации може да пријават проект до 4 август на платформата Заедно едни за други!
,,Кога велиме дека целосно се посветуваме на женското здравје, тоа навистина и го мислиме. Покрај широкиот асортиман на производи преку кои ѝ обезбедуваме на секоја жена сѐ што ѝ е потребно, со овој поткаст, но и целата кампања за женското здравје, одиме чекор подалеку и зборуваме отворено за сите аспекти во животот на една жена. Започнувајќи од мотивација за физичка активност, па сѐ до обрнување внимание и на своето ментално, менструално и социјално здравје – а со ова, се надеваме дека ќе поттикнеме отворен разговор за сите оние предизвици со кои, ние жените, се соочуваме во нашиот живот, но и ќе ги мотивираме жените да започнат да се грижат малку повеќе за себе.“ – изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.
Жените и физичката активност
Премиерната епизода на dm поткастот зборува за различните животни периоди на жената и предизвиците со кои жените се соочуваат секојдневно поврзано со тренингот и вежбањето, но и за влијанието на хормоните и исхраната врз физичкото здравје на една жена. Исто така ќе ви открие како со мали навики да постигнете големи промени. Во оваа интересна епизода, публиката ќе има шанса да ги слушне д-р Александар Митов – магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето и Драгана Младеновска (на јавноста позната како Dragana Fitlife) – магистер по фармација и диететика.
Погледнете ја целата епизода тука: