Живот и Стил Бура од емоции

„Денеска ја измив портокаловата чаша“: Овој емотивен текст носи важна порака за сите!

Можеби тие сè уште не се подготвени да ја измијат портокаловата чаша

„Денеска ја измив портокаловата чаша“: Овој емотивен текст носи важна порака за сите!

Ејми Бордман Рајмер е жена која со навидум обична објава на Фејсбук, расплака многумина.

Прочитајте го внимателно овој текст. Кус е, но полн со емоции и носи многу важна порака.

Денеска ја измив портокаловата чаша.

„Портокаловата чаша“ не е метафора. Тоа е мала пластична чаша – едно од комплетот шарени чаши. Мала е и е совршена за употреба во бањата. Совршена за голтка вода среде ноќ или за пиење на дневната доза на лекот со вода. Не сум ја измила од 1-ви јануари.

Пред да се згрозите, да ви кажам дека од тогаш не сум го користела. Гледате, оваа портокалова чаша беше последното нешто што му го допреа усните пред да го однесат со Брза помош во болница – од каде никогаш не се врати.

Ја земав оваа чаша во неколку наврати мислејќи дека е време да ја измијам – и ја враќав назад. Не беше време. Би ја прегрнала таа мала чаша, би заплакала малку (или многу) и би ја вратила во аголот на мијалникот. Не беше вистинското време за миење, до денес.

Денеска ја измив портокаловата чаша.

Кога мајка ми умре, нејзиниот фустан висеше на куката во вратата од бањата. Кога тато почина пет години подоцна, таа сè уште стоеше на истото место. Тој подели и донираше многу нејзини работи, но не и тој домашен фустан. Да живееше уште десет години, мислам дека облеката уште ќе стоеше таму… а можеби и не.

Длабоко, сеопфатно оплакување е чудна работа. Да го имаме ова на ум кога се прашуваме зошто некои луѓе прават (или не прават) нешто што ние мислиме дека треба да го направат, нешто што е „нормално“.

Можеби тие сè уште не се подготвени да ја измијат портокаловата чаша“.

To top