Свети Иринеј по потекло беше од Мала Азија.
Му беше ученик на славниот смирнски епископ Поликарп, кој пак беше ученик на светите апостоли. Подоцна, после маченичката смрт на епископот Потин, за епископ на градот Лион беше избран овој Иринеј.
Свети Иринеј пострада за Христа во 202 година, заедно со неколку илјади христијани, за време на царот Север.