Живот и Стил МПЦ

Денеска е Св. маченик Мамант: Го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а тој со својата светост чудесно ги победи сите искушенија

Овој свет маченик се упокои во 275 година.

Денеска е Св. маченик Мамант: Го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а тој со својата светост чудесно ги победи сите искушенија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 септември.

Денеска е Св. маченик Мамант.

Родителите на Мамант беа христијани од Пафлагонија, област што се наоѓа во северниот дел од Мала Азија. Животот го завршија во пафлагониските затвори, потклекнувајќи им на измачувањата. А на Мамант му се случи да се роди во затворот во времето на страдањата на неговите родители.

По нивната смрт, од затворот го зеде некоја вдовица Амија, на која претходно и се јави ангел и и кажа за бебето. Амија прекрасно го подигна даруваниот син. А кога Мамант беше на 15-годишна возраст, во времето на цар Аврелијан, го приведоа како христијанин, го мачеа и го фрлија в море.

Но, морето го исфрли жив и неповреден, па овој се повлече во тихување на една планина близу Кесарија. По некое време гонителите го пронајдоа и тука, го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а кога Мамант со својата светост чудесно ги победи сите овие искушенија, некој идолски жрец го прободе со трозабец.

Овој свет маченик се упокои во 275 година.

 

To top