Поранешната стјуардеса Хедер Пул во својата книга „Cruising Attitude: Tales of Crashpads, Crew Drama and Crazy Passengers at 35.000 ft“ откри зошто многу од нив носат црвен кармин.
Покрај фактот што стјуардесите треба да изгледаат дотерани, добро облечени, црвениот кармин има и безбедносна улога. Имено, таа вели дека црвениот кармин може да биде исклучително корисен кога ќе се појави кризна ситуација во која читањето од усни станува единствениот начин да се пренесат важни информации на патниците.
Се подразбира дека црвената боја го привлекува вниманието кон усните, а со тоа помага и во невербалната комуникација, така што паничните патници можат да разберат каде да најдат опрема за спасување и слично.
Сепак, неколку поранешни стјуардеси изјавија дека никогаш не слушнале за употреба на црвен кармин за оваа намена.
Сидни Анистин изјави за Reader’s Digest дека црвениот кармин е чисто прашање на стил. Кристин Екстејн-Ниска објасни дека станува збор повеќе за брендирање отколку за безбедност на патниците.