Се чини дека задачите по математика предизвикуваат најголема главоболка за корисниците на социјалните мрежи од почетокот на 2024 година.
Има сè повеќе алгебарски изрази кои имаат тенденција да ги збунат дури и најдобрите математичари поради изоставање на знаците за операција или неразбирање на редоследот по кој се применуваат.
Креаторот на најновата задача, која нуди две решенија, а за која се расправаат твитерџиите и тиктокерите е, хрватскиот професор по математика Тони Милун.
Претходните недели социјалните мрежи и порталите беа арена на голема „борба“ за точно решение на извесна математичка задача, која била многу двосмислена и нудела повеќекратни резултати во зависност од тоа која операција за пресметување се применувала прва. Целата врева околу решението го привлекла вниманието и на овој професор од Беркли кој се обидел детално да објасни зошто во оваа „борба“ нема победник и единствен резултат, но сето тоа заедно само послужило како згура за нова рунда зачади кои ја поттикнуваат бурата на идеи и дискусии.
@tonimilun.hr Preskakanje koraka u zadatku nekad nas može koštati! Ako niste sigurni, bolje sve zapisati😄 #tonimilun #milunnatiktoku ♬ Nice and Easy – Louis Adrien
Професорот од Хрватска, Тони Милун, објавил видео на својот „TikTok“ профил во кое го решава следниот израз: 16:4(3+1), а потоа навел дека луѓето, зависно од редоследот по кој ќе почнат да пресметуваат, ќе добијат 1 или 16.
Тони објаснил дека треба да се започне со собирање на броевите во заградите, а потоа да се додаде точка (ознаката за множење) помеѓу четворките и збирот на броевите 3 и 1, така што почетниот израз ќе се сведе на облик 16:4*4.
Решението е 16
Тој понатаму наведува дека сега мораме да пресметуваме по редослед од лево кон десно, што значи дека започнуваме со делење, а на крајот количникот на броевите 16 и 4 го множиме со другиот 4 покрај него. На овој начин следува: 4*4=16 – што е конечниот резултат.
Тој исто така објаснил дека некои ќе добијат резултат 1 затоа што мислат дека бројот 4 и заградата (3+1) се посилно поврзани бидејќи нема знак кој укажува на множење, па прво ќе ја решат заградата, ќе ги помножат двете четворки и на крај ќе го поделат бројот 16 со почетокот на изразот и збирот во заградите, па ќе добијат дека 16:16=1.
„Пријателе, грешиш!“
Многумина не се согласиле со неговото објаснување, па во коментарите му порачале дека греши и понудиле своја постапка и решение: 16:4(3+1)=16: (4×3+4×1)=1.
Други му забележале дека „множењето има предност над делењето“.
Како вие би ја решиле оваа задача и каков резултат добивте?
Пишете ни во коментари.