Занимливости занимливости

ВИДЕО: Отишла до океанот да ја истури пепелта на својот покоен дедо, а она што се случило не го очекувала ни во сон: „Длабоко веруваме дека тој ги испратил…“

Една жена сподели емотивно видео од моментот кога добила „знак“ од нејзиниот покоен дедо – веднаш откако ја истурила неговата пепел во океанот.

ВИДЕО: Отишла до океанот да ја истури пепелта на својот покоен дедо, а она што се случило не го очекувала ни во сон: „Длабоко веруваме дека тој ги испратил…“

Една жена сподели емотивно видео од моментот кога добила „знак“ од нејзиниот покоен дедо – веднаш откако ја истурила неговата пепел во океанот.

20-годишната Кајли го споделила овој посебен момент на нејзиниот ТикТок профил, каде видеото за само 3 дена доби речиси 17 милиони прегледи. На видеото, на кое се гледа Кајли и нејзиното семејство на бродот, се гледаат делфини кои се појавуваат набргу откако пепелта паѓа во водата, а еден од нив среќно го следи бродот до крајот на патувањето, пишува „Mirror“.

„Ја истуривме пепелта на нашиот дедо, а потоа имавме посетители“, напишала Кајли во емотивниот опис на видеото.

@kylieg228Deep down we think he sent them to us to tell us that he is still with us and that he loves us so much. We love and miss you grandpa so so much.❤️🕊️

♬ original sound – daydream

„Длабоко веруваме дека тој ги „испратил“ за да нѝ покаже дека сè уште е со нас и дека многу нè сака. Те сакаме и нѝ недостигаш дедо“, додала Кајли.

Овој момент ги инспирираше другите корисници на ТикТок да ги споделат своите слични приказни.

„Мојот дедо беше опседнат со морски крави и кога ја фрливме неговата пепел во океанот, неколку минути подоцна покрај нас пливаше морска крава“, открил еден следбеник.

„Ние го направивме истото за мојот дедо и кога се вративме во куќата на мојата тетка, јас бев на пристаништето, а под мене пливаа два делфини. Сите веруваме дека тоа беше поздрав од моите баба и дедо“, додал друг.

„Се колнам дека тоа штотуку ми се случи! Ја истуривме пепелта на дедо ми, а потоа се појавија еден куп делфини“, напишал трет.

To top