Снимката од свадба во Романија на којашто гостите стават пари во градите на невестата, додека таа мирно стои, се прошири на социјалните мрежи.
На снимката може да се види како група од гости постојано ја допираат невестата ставајќи пари во нејзиниот фустан, додека таа мирно чека да помине овој непријатен момент. Меѓутоа не е познато дали станува збор за некаков обичај или гостите се почувствувале толку слободни на таков дегутантен начин да ја допираат невестата, но тоа што е сигурно е дека снимката ги „запали“ социјалните мрежи.
Машала машала pic.twitter.com/FYed7Pcpxc
— Gilotinja (@gilotinja) September 13, 2024
Коментарите под оваа снимка само се нижеа, а многумина корисници на социјалните мрежи го понудија свои верзии на овој настан.
„Јас ќе им кажам на гостите да не купуваат пликоа, туку вака да ми ги дадат парите“, „Во ваков случај ми се исплаќа да имам мали гради“, „Ова не им е лош обичај“, „Ова е само тактика за да ја допираат“, „Ова е најдегутантна снимка којашто некогаш сум ја видела“, беа само дел од коментарите.
Исто така еден од корисниците на социјалните мрежи се запраша каква била реакцијата на овој „обичај“ на семејството но и на младоженецот. „Како младоженецот реагира на вакво непримерно однесување, јас не би дозволил пред мои очи некој вака да ја допира жена ми и тоа уште на свадбата“, беше неговиот коментар.