Занимливости

Вештачката интелигенција направи грешка: Туристите бараа непостоечки термални извори

Вештачката интелигенција направи грешка: Туристите бараа непостоечки термални извори

Австралиската туристичка агенција „Тасманија Турс“ се соочи со критики откако објави статија генерирана од вештачка интелигенција на својата веб-страница за идилични топли извори во Тасманија кои всушност не постојат.

Блогот ги препорача топлите извори Велдборо, опишани како мирно засолниште популарно кај планинарите, што доведе до тоа туристите да пристигнуваат на оддалечената локација за да најдат ладна река наместо топли извори.

Сопственикот на агенцијата, Скот Хенеси, призна за ABC дека вештачката интелигенција „целосно згрешила“ и објасни дека маркетиншките материјали ги направиле надворешни соработници додека тој бил во странство.

Локалниот хотелиер Кристи Проберт изјави дека првично добила само неколку повици, но бројот на посетители брзо се зголемил.

– Луѓето доаѓаa тука барајќи извори. Реката Велд е ледено ладна, а ловците на сафири и калај најчесто остануваат тука – рече таа.

Ан Харди, професорка по туризам, предупреди дека вештачката интелигенција во туризмот може да биде корисна, но често создава неточни информации. Според истражувањата, околу 90 проценти од плановите за патување генерирани од вештачка интелигенција содржат грешки.

Сепак, Проберт изрази разбирање кон „Тасманија Турс“.

– Изгледаат како фини луѓе, но сите правиме грешки. Велдборо има многу интересни работи, само нема термални извори – додаде таа.

To top