Занимливости ВИ

Вештачка интелигенција: Иднината на временската прогноза

Ова нуди потенцијал за огромни подобрувања во брзината, точноста и трошоците за прогнозирање, според истражувањето на научниците од Кембриџ, „Мајкрософт“, Институтот „Алан Тјуринг“ и Европскиот центар за прогноза на временски услови со среден опсег.

Вештачка интелигенција: Иднината на временската прогноза

Индивидуален истражувач со персонален компјутер ќе може да испорача точни временски прогнози користејќи нов пристап за временската прогноза со вештачка интелигенција (ВИ), наречен „Ардварк ведер“ (Aardvark Weather). Овој метод е повеќе од 10 пати побрз и користи илјадници пати помала компјутерска моќ од досегашните системи, според ново истражување на Универзитетот во Кембриџ.

Како што пренесува „Индепендет“, ВИ-порталот „Ардварк ведер“ обезбедува план за замена на целиот процес со вештачкоинтелигентно на необработени податоци од метеоролошките станици, сателити, метеоролошки балони, бродови и авиони од целиот свет.

Ова нуди потенцијал за огромни подобрувања во брзината, точноста и трошоците за прогнозирање, според истражувањето на научниците од Кембриџ, „Мајкрософт“, Институтот „Алан Тјуринг“ и Европскиот центар за прогноза на временски услови со среден опсег.

Поврзани теми

To top