Азиска кафеава мечка, пронајдена во напуштена зоолошка градина во источна Украина пет месеци по руската инвазија во 2022 година, најде нов дом – во Шкотска.
Џампил, именуван по селото во Доњецк каде што живеел, е само меѓу ретките преживеани од 200-те животни што живееле таму. Откако бил спасен, за него се грижел Белгиското друштво за заштита на животните, пред да го започне дванаесетчасовно патување до Зоолошката градина Five Sisters, 32 километри западно од Единбург.
-Кога волонтерите го пронајдоа Џампил, тој беше под стрес бидејќи не многу пред тоа, граната експлодира во близина на кафезот. Беше во ужасна состојба, да поминаа уште пет дена немаше да можеме да го спасиме, изјави сопственикот на Зоолошката градина Брајан Куран.
„Го имаме најдобриот можен тим да се грижиме за него и да му помогнеме повторно да се чувствува мирно“, додаде тој.
Џампил ќе биде сместен во привремен кафез се додека вработените во зоолошката градина, кои претходно ги сместувале мечките од патувачките циркуси, не соберат пари за неговиот постојан дом.