Занимливости плажи го ограничуваат бројот на посетители

Резервација преку апликација: Сардинија се бори со прекумерен туризам

Плажата „Спјаџа роса“ (Spiaggia Rosa) се наоѓа на оддалечениот остров Будели и привлекува илјадници туристи дневно со својот прекрасен розов песок. Ограничувањата, всушност, почнале кон средината на 1990-тите, кога песокот почнал да исчезнува. Истрагите откриле дека туристите „крадат“ килограми песок – за спомен. Така, казната за одење на плажа сега е 500 евра, додека секој оној кој ќе биде фатен како краде песок – ќе мора да плати до 3.500 евра.

Резервација преку апликација: Сардинија се бори со прекумерен туризам

Посетите на некои плажи на Сардинија оваа година ќе мора да се резервираат преку апликацијата. Имено, тамошните власти на сѐ повеќе популарни плажи го ограничуваат бројот туристи.

Плажата Туереда, на пр., (позната по својот облик на полумесечина) од 2020 година го ограничува бројот на посетители на 1.100 луѓе дневно. И многу други спектакуларни плажи на Сардинија се заштитени од прекумерен туризам со слични ограничувања, при што прекршителите се соочуваат со казни до 3.500 евра. Новата дигитална мерка што се очекува да стапи во сила до јули, има за цел да го намали притисокот врз околните ресурси и инфраструктурата.

Сардинија е позната по своите песочни плажи и важи за едно од најдобрите места во Италија за одмор крај море. Сепак, и овој остров имал „лоши денови“ поради несоодветното однесување на посетителите и гужвите, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Следат сите места каде што островот го има ограничено пристапот со нови правила за заштита, но и поодамнешни прописи:

Плажата „Спјаџа роса“ (Spiaggia Rosa) се наоѓа на оддалечениот остров Будели и привлекува илјадници туристи дневно со својот прекрасен розов песок. Ограничувањата, всушност, почнале кон средината на 1990-тите, кога песокот почнал да исчезнува. Истрагите откриле дека туристите „крадат“ килограми песок – за спомен. Така, казната за одење на плажа сега е 500 евра, додека секој оној кој ќе биде фатен како краде песок – ќе мора да плати до 3.500 евра.

Во архипелагот Ла Мадалена, две плажи сега имаат ограничен пристап. Кала Котичо (Cala Coticcio) и Кала Бригантина (Cala Brigantina) лани, на пр., само 60 луѓе дневно можеа да се сончаат во текот на летото. Резервирањето е исклучиво место преку интернет. Ограничувањата на посетителите и таксите за пристап сè уште не се објавени за оваа година.

На северот од островот, Кала Брандинчи (Cala Brandinchi) и Лу Импосту (Lu Impostu) ќе ги ограничат броевите на 1.447 и 3.352, соодветно, меѓу 1 јуни и 30 септември. Посетителите треба да резервираат и преку апликацијата „Сан Теодоро“ (San Teodoro) или на интернет-страница.

Други плажи: Кала Мариоло, Пелоса, на истокот – Кала Биријала, Кала деј Габијана итн.

Инаку, и италијанскиот главен град Рим, веројатно, наскоро ќе почне да наплатува влезници за Фонтаната Ди Треви, со цел намалување на бројот на туристи.

To top