Научниците открија 16 милиони години стар фосилизиран череп на речен делфин кој некогаш пливал во водите на денешен Амазон, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот речен делфин од индиската река Ганг.
Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живее во водите на Јужна Америка, кој бил долг помеѓу 3 и 3,5 метри. Наречен е „Пебаниста јакуруна“ по Јакуруна, перуанско митолошко суштество кое живеело во длабоки води.
„Овој делфин е поврзан со делфинот што денес живее во Ганг во Индија“, рече Салас, додавајќи дека фосилот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.
Тој, исто така, открил дека и двата вида делфини живееле во океанот.
„Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. И во регионот на Амазон и во Индија, овие животни живееле во слатководни средини, но оние од Амазон, за жал, изумреле, а во Индија преживеале“, објасни Салас.
Резултатите од студијата беа објавени во списанието Science Advances.