Стрипот му е продаден на неименуван купувач по највисоката цена досега. Аукциската куќа го опишува „Action Comics #1“ како „најважниот стрип што некогаш бил објавен“ додавајќи дека Супермен е „неверојатно сличен“ на оној каков што го знаеме од стриповите и филмовите денес. Според проценките, во светот денес има само околу 100 примероци од овој стрип, инаку отпечатен пред 86 години. Компанијата „Нејшнал елајд пабликејшнс“ (National Allied Publications), претходник на „Ди-си комикс“ (DC Comics) издала вкупно 200.000 копии.
Американската „Сертифицирана гарантна компанија“ на продадениот примерок минатата недела му даде оценка 8,5 – „исклучително добар“.
Цената од шест милиони долари го надмина претходниот рекорд во продажба на стрипот, чиј главен лик беше и Супермен. Тој стрип е платен 5,3 милиони долари во 2022 година. И други копии од истиот стрип достигнаа милиони со текот на годините, вклучително и онаа што беше продадена за 3,56 милиони долари во 2021 година, објави „Супермен хоумпејџ“.
Оваа копија беше продадена како дел од четиридневното наддавање за ретки стрипови за неколку познати суперхерои.