Занимливости Научниците откриваат

Ова е најздравиот начин на пиење кафе

Црното кафе или она со мала количина млеко најчесто се издвојува како најдобар избор. Не станува збор за откажување од вкусот, туку за избегнување на вишок состојки што постепено ја претвораат корисната навика во непотребно калоричен товар.

Ова е најздравиот начин на пиење кафе

Според истражувањата, самиот пијалак содржи бројни корисни соединенија, вклучително и антиоксиданси и материи со противвоспалително дејство. Проблемот, велат научниците, настанува кога кафето се претвора во калоричен десерт. Шеќерот, ароматизираните сирупи, шлагот и разните креми можат тивко да ја поништат здравствената корист и да претворат една шолја кафе во напиток со висок процент на шеќери и масти.

Mногумина посегнуваат по првата шолја веднаш по будењето, експертите препорачуваат тоа да се направи подоцна – помеѓу 9:30 и 11:30 часот – не на празен желудник и со што помалку додатоци.

Имено, не е важен само составот, туку и моментот кога се пие кафето. Прераното утринско или предоцното попладневно консумирање може да го наруши природниот хормонален ритам и квалитетот на сонот. Лошиот сон, пак, има директно влијание врз метаболизмот, здравјето на срцето и воспалителните процеси во организмот.

Истражувачите укажуваат дека најповолен момент за првата шолја е кога нивото на кортизол почнува природно да опаѓа – помеѓу 9:30 и 11:30 часот. Тогаш кофеинот делува поефикасно и обезбедува постабилна енергија, без нагли падови подоцна во денот. Слично важи и за попладневната доза, која е најдобро да се консумира меѓу 13 и 15 часот, додека кафето по 17 часот може негативно да влијае на сонот.

Најздрави навики, според научните препораки, подразбираат:
– минимално количество шеќер,
– без или со многу малку ароматизирани сирупи,
– ограничена употреба на шлаг и креми.

Црното кафе или она со мала количина млеко најчесто се издвојува како најдобар избор. Не станува збор за откажување од вкусот, туку за избегнување на вишок состојки што постепено ја претвораат корисната навика во непотребно калоричен товар.

Некои студии покажуваат дека одредени методи на подготовка можат да ги филтрираат соединенијата што го зголемуваат холестеролот, додека премногу жешките напитоци кај дел од луѓето можат да го иритираат дигестивниот систем. Заклучокот е дека малите избори, кога се повторуваат секојдневно, прават голема разлика.

Имено експертите советуваат кафето да не се пие на целосно празен желудник, бидејќи кофеинот може да го зголеми лачењето на желудочната киселина и да предизвика непријатност или нервоза. Умереноста – една до три шолји дневно – се смета за оптимална за повеќето здрави возрасни лица, а побавното пиење овозможува постепено дејство на кофеинот и помала веројатност за забрзан пулс и раздразливост.

Најнови вести од Занимливости

To top