Занимливости Арктикот

Нови опасности за поларните мечки

Тие се добри пливачи – до 100 километри од брегот. Пливаат со брзина до 10 км/ч.

Нови опасности за поларните мечки

Како што се загрева Арктикот, поларните мечки се соочуваат со нови опасности – на пр. зголемен ризик од зараза со вируси, бактерии и паразити коишто биле многу поретки во подрачјето на Северниот Океан пред 30 години.

Во новото истражување на Геолошкиот институт на САД, се обезбедени индиции за тоа како топењето на мразот може да се поврзе со болестите кај поларните мечки. Научниците испитувале примероци од крв од мечки во Чукотското Море меѓу Аљаска и Русија. Потоа, ги анализирале податоците собрани меѓу 1987. и 1994 година, споредувајќи ги со примероци земени меѓу 2008. и 2017 година.

Истражувањето откри дека поновите примероци на крв укажувале дека мечките се заразени со еден од петте од шесте присутни вируси, бактерии или паразити земени како пример.

Не се знае како тоа точно влијаело на физичкото здравје на мечките, но д-р Карин Род смета дека тоа покажува промени во целиот северноокеански екосистем.

– Сакавме да знаеме дали изложеноста е променета, особено за некои од овие патогени за коишто мислиме дека се првенствено копнени. Од тие пет патогени, како што колективно се нарекуваат агенсите на болеста, коишто станаа почести кај поларните мечки, два се, всушност, паразити што предизвикуваат токсоплазмоза и неоспора, потоа – два вида бактерии коишто предизвикуваат треска и бруцелоза, на пр., кај зајаците и вирус штоо предизвикува темпера. Мечките се генерално доста отпорни на болести. Не е типично тоа да влијае на популацијата на мечките, но мислам дека тоа нагласува дека работите во Северниот Океан се менуваат, додаде д-р Род.

Во светот има околу 26.000 поларни мечки. Повеќето од нив живеат во Канада, но има и во САД (Аљаска), Русија, Норвешка и Гренланд. Тие се на списокот загрозени видови, нивниот број е во опаѓање, а климатските промени се клучен фактор за сѐ тоа.

Возрасната мечка може да биде долга околу три метри и тешка до 600 килограми. Поларните мечки имаат силно сетило за мирис и можат „да намирисаат“ плен и до 16 километри. Тие се добри пливачи – до 100 километри од брегот. Пливаат со брзина до 10 км/ч.

Истражувањата покажаа и дека мечките кои минуваат повеќе од една година на копно, во услови на недостапен мраз за лов, всушност, не внесуваат доволно калории.

To top