Занимливости

Некои од најлесните раси кучиња за тренирање

Ново куче во домот може да биде многу возбудлива, но и стресна одлука. За сопственикот тренингот може да бара многу, но ако штотуку планирате да земете куче, секако размислете за следниве раси.

Некои од најлесните раси кучиња за тренирање

Ново куче во домот може да биде многу возбудлива, но и стресна одлука. За сопственикот тренингот може да бара многу, но ако штотуку планирате да земете куче, секако размислете за следниве раси.

Настрана од можноста да посетува часови за обука и однесување, сопственикот е прилично сам кога го тренира своето куче. Ако не почне рано, обично тоа значи фрустрирачко искуство и за себе и за животното. Стручњакот за однесување на кучињата, Вил Атертон издвојува три раси кои особено се издвојуваат кога говориме за тренирање.

– При изборот на раса што лесно може да се истренира, главната работа што ја бараме е ангажираноста на човекот и желбата да му удоволи (на кучето). Ако го води храната – уште подобро. Таа комбинација создава кучиња неверојатно лесни за тренирање, изјави тој.

Лабрадор ретривер

На Атертон, оваа раса му е една од неговите омилени, како и една од најлесните кога станува збор за тренирање. Лабрадорите се најпопуларната раса на кучиња во Обединетото Кралство, а тоа можеби е затоа што толку добро реагираат на тренинзите.

Според „Спрус петс“ (The ​​Spruce Pets), овие кучиња се многу интелигентни, трпеливи и разиграни, а нивната еластична природа е и причината зошто многу службени кучиња се исто така лабрадори. Добро реагираат на награди и имаат многу енергија, па секојдневната физичка активност е клучна.

Белгиски малиноа-овчар

Овие кучиња првично биле одгледувани за чување стадо, но поради високата интелигенција, тие се користат и во полиција работа, откривање бомби и обезбедување настани.

– Не е изненадување што тие се користат за работни места кои бараат неверојатно високи нивоа на работен капацитет. Значи, тие се многу енергични и бараат секојдневна физичка активност, но исто така, се и неверојатно лојални и паметни и можат да бидат одлични миленици, рече Атертон.

Бордер коли

Ова е уште една раса позната по своите способности за чување стада. Многу се интелигентни и подготвени за учење, а лесно се мотивираат со сластки награди и играчки. Атертон истакнува дека тие се една од најинтелигентните раси и затоа често се гледаат и на натпревари.

To top