Занимливости AUTO BIL тестови

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри, собрале богата база на податоци со десетици модели. Некои автомобили минале и низ исклучително тешки услови на возење, па списанието ги издвои оние со најмалку дефекти. Следниве автомобили ја постигнаа највисоката оценка.

Најдобар по изминати 100.000 км е „Ауди А-3 спортбек г-трон“ (Audi A3 Sportback g-tron), тестиран во 2017 година. Овој автомобил доби оценка 1+ (во германската терминологија, најдобрата оценка е 1, а најлошата е 5). „Не само што демонстрира висок квалитет и сигурна технологија, туку покажа и минимални слабости во секојдневната употреба и за време на расклопувањето. ‘Аудито’ немаше никакви маани“, се истакнува. Оценка 1+ има и „Бе-ем-ве М-3“ (BMW M3), тестиран во 2023 година, со мануелен менувач и карбонски ќерамички сопирачки, пренесува „Ревија ХАК“.

Автомобилите се тестираат во сите временски услови – од кратки градски патувања до возење по автопат, така што резултатите не претставуваат само техничка анализа, туку сеопфатна и сигурна слика за издржливост и квалитет, се наведува во написот.

На третото место е „Ауди А-4 авант ТФСИ ултра“ (Audi A4 Avant TFSI ultra) од 2019 година со оценка 1 – без поголеми проблеми. Следи „Ауди А-6 авант 40 ТДИ“ (Audi A6 Avant 40 TDI) (2021), којшто, освен што сензорите за паркирање што постојано пријавуваа грешки, исто така, нема никакви маани. На петтото место е „Бе-ем-ве Зед-4 ес-драјв 30-и“ (BMW Z4 sDrive 30i) (2021) којшто го заврши тестот за издржливост практично без абење и други компликации, никогаш не бараше непланирани посети на работилницата, а и расклопувањето под строг надзор на „ДЕКРА“ не откри никакви дефекти, ниту поголемо абење.

„Сеат атека 1.4 ецо ТСИ стајл“ (Seat Ateka 1.4 Eco TSI Style) (2020) – по возење на долги релации, неколку возачи се пожалија на болки во грбот и вкочанетост. Ова значи „казнен поен“ за автомобилот – покрај другите беспрекорни перформанси. „Фолксваген Т-крос 1.0 ТСИ“ (VW T-Cross 1.0 TSI) (2023) помина 100.000 км без ниту една грешка или дефект, освен безопасната површинска корозија, којашто не влијаеше на неговите перформанси, мотор, менувач, спојка – сè било во совршена состојба, се вели во написот.

Натаму, „Бе-ем-ве 320-д туринг“ (BMW 320d Turing) (2022) издржа 100.000 км со леснотија, освен неколкуте функционални слабости во секојдневната употреба, неколку (претежно минорни) проблеми при расклопување и високата цена…

И „Мазда це-икс-5 скајактив-Д 184 АВД“ (Mazda CX-5 Skajaktiv-D 184 AVD) во 2021 година го помина тестот без никакви значајни дефекти и со беспрекорно сервисирање во работилницата. Нејзиниот 2,2-литарски дизел-мотор не покажа знаци на абење по 100.000 километри. „Сузуки свифт спорт 1.4 бустерџет“ (Suzuki Swift Sport 1.4 Boosterjet) таа 2021., исто така, го заврши тестот без никакви проблеми, освен релативно мала ‘рѓа во надолжните елементи. Заштитата од корозија беше недоволна за највисоката оценка.

Најнови вести од Занимливости

To top