Познатиот јутјубер Мистер Бист нуди 1 милион долари за секој што ќе успее да ја реши загатката скриена во реклама за Супербоул. Креаторот на содржини, чие вистинско име е Џими Доналдсон, е познат по своите предизвици во рамки на кои дели сериозни пари, а овој пат решил дел од својата публика да ги претвори во ловци на кодови.
Во реклама на „Salesforce“, Мистер Бист ги поканува гледачите да решат серија загатки. Тој исто така вели дека може да се користи вештачката интелигенција на „Salesforce“, а првата личност што ќе му го испрати точниот скриен код преку „Слек“ ќе освои 1 милион долари.
Натпреварувањето не е за секого
Сепак, натпреварувањето не е за секого, односно можат да учествуваат само легални жители на САД, Канада и Мексико, а се затвора на 2 април, што значи дека секој што сака да се обиде има ограничено време.
Соработката се случила откако Доналдсон кон крајот на минатата година објавил дека со години имал идеја за реклама за Супербоул и дека барал бренд што ќе му дозволи да го стори тоа. Набрзо се вклучил извршниот директор на „Salesforce“, Марк Бениоф, и договорот очигледно брзо бил склучен.
Мистер Бист неодамна изјавил за „Wall Street Journal“ дека луѓето не му веруваат кога кажува колку пари има, а исто така тврди дека неговата сметка може да биде во минус затоа што веднаш голем дел од својата заработка ја враќа во производство на нови видеа, класичен потсетник дека нето вредноста не е иста како и парите на сметката.
View this post on Instagram
Рекламата се емитувала за време на Супербоул, во кој Сиетл Сихокс ги победија Њу Ингланд Патриотс со 29-13 на стадионот Левис во Санта Клара. Бед Бани настапил на полувремето, присуствувале голем број гости, а на теренот се одржала и вистинска венчавка за време на настапот на пејачот.