Претседателката и директорка на музејот Лувр, Лорен де Кар, најави дека познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“, позната и како „Џоконда“, поради популарноста би можела да биде изложена во посебна просторија во Лувр.
-Секогаш е срамота кога условите за прием не се на ниво, а тоа важи и за Џоконда, па заедно со Министерството за култура размислуваме за ова подобрување, кое денес ми изгледа неопходно, изјави таа за радиото Франс Интер.
Според неа, моментално условите во музејот за оние кои сакаат да ја видат сликата не се оптимални.
Таа потсети дека во 2023 година, повеќе од 80 отсто од сите посетители на Лувр, приближно 20 илјади луѓе дневно, дошле да ја погледнат оваа слика.
Таа најави и дека се подготвува изложбата „Олимпиизам, модерен изум, античко наследство“ посветена на Олимписките игри.