Занимливости истражување

Истражувањето откри: Вашиот омилен алкохолен пијалок кажува многу за вашиот карактер

Добро е да се знае! Во истражувањето на психологот Питер К. Џонсон учествувале 1232 луѓе. Половина од испитаниците биле жени, половина мажи, со просечна возраст од 45 до 79 години.

Истражувањето откри: Вашиот омилен алкохолен пијалок кажува многу за вашиот карактер

Добро е да се знае! Во истражувањето на психологот Питер К. Џонсон учествувале 1232 луѓе. Половина од испитаниците биле жени, половина мажи, со просечна возраст од 45 до 79 години.

Испитаниците биле прашани каде и каков вид на алкохолен пијалок најчесто пијат. После тоа им бил направен и писмен тест и требало да одговорат на прашања за тоа што работат, дали се задоволни од својот живот, дали имаат доверба во други луѓе и слично. Потоа, тимот ги разгледал одговорите и дошол до интересни податоци.

Луѓето кои избираат да пијат алкохол почесто дома се често песимисти и потажни од оние кои го прават тоа во кафулиња и барови. Оние кои сакаат да се забавуваат со пијалоци, музика и друштво се поекстровертни, а по природа се повесели и оптимисти.

Оние кои пијат пиво и вино се позадоволни од својот живот и се поотпорни на сите неволји кои можат да ги снајдат во животот. Виното го сакаат пристапните и совесните луѓе, пивото оние кои се опуштени и отворени. Истражувањата исто така покажаа дека луѓето кои имаат тенденција да пијат силни пијалоци како ракија често се нервозни и нетрпеливи.

Иако ова истражување е многу интересно, научниците забележуваат дека не може да биде целосно точно и дека е неопходно да се спроведат дополнителни истражувања за да се добијат порелевантни податоци.

Човекот не треба да се суди само врз основа на чашата алкохолен пијалок што ја држи во раце, ова се само дел од насоките, а треба да се направи уште многу за да се процени личноста – заклучија тие.

To top