Ова е ХИТ видеото секоја година за денешниот празник Св. Вмч. Георгиј Победоносец – ЃУРЃОВДЕН, како и за празниците Свети Трифун и Свети Валентин, бидејќи во него се спомнуваат токму трите празници.
Ова момче има навистина интересен одговор за тоа кој празник го слави!
Дополнителен коментар се чини не е потребен…
Инаку, денес, освен вториот ден од Велигден, се празнува и Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.
Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.
Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др.