Анализа на компанијата „FixMyCar“ покажа дека „ChatGPT“ може да обезбеди главно точни информации за можни дефекти кај автомобилите, но дека не треба да се користи како помош за самостојни поправки.
Истражувањето опфати типични симптоми како отежнато менување брзини, тропкање при возење и мирис на изгорена гума, а одговорите на вештачката интелигенција ги оцени професионалниот механичар Матару.
Според него, „ChatGPT“ дава логични и реални претпоставки, но одредени чекори бараат стручен алат, знаење и искуство.
Матару истакнува дека вештачката интелигенција може да им помогне на возачите да ги разберат можните причини за проблемите, но не може да ја замени професионалната дијагностика. Сложените проверки и поправки на менувачот или спојката, предупредува тој, треба да ги изведува исклучиво квалификуван механичар.
Анкетата на „FixMyCar“ покажала дека 16 отсто од возачите во последната година користеле AI-алатки за информации за дефекти, додека 20 отсто од испитаниците сметаат дека на „ChatGPT“ може целосно да му се верува кога станува збор за совети за поправка на автомобили, пренесува b92.