Занимливости

ФОТО: До стотка за 3,3 секунди – Италијанската полиција доби уште побрзо „Ламборџини“

Пред неколку дена, италијанската државна полиција прослави 172-годишнина.

ФОТО: До стотка за 3,3 секунди – Италијанската полиција доби уште побрзо „Ламборџини“

Италијанската полиција годинава во својот возен парк додаде шесто „Ламборџини“. Во споредба со „Ламборџините“ кои се во продажба, ова возило доделено на полицијата има видео камера што чита регистарски таблички, таблет кој има внатрешна база на податоци и дефибрилатор за помош на луѓето во опасни по живот ситуации.

На покривот има светлосна лента со сино лед светло од 360 степени и електрична сирена. Под хаубата е направена вдлабнатина за транспорт на човечки органи и ткива, што денес е една од главните активности на „Ламборџинито“ во сопственост на италијанската државна полиција.

Првото „Ламборџини“ со азурно сино-бела боја, по кое може да се препознае италијанската полиција, стана дел од нивната флота во 2004 година.

Пред неколку дена, италијанската државна полиција прослави 172-годишнина.

To top