Занимливости решен најдолгиот случај на исчезнато лице

Британка исчезната пред 52 години пронајдена жива и здрава

Британка исчезната пред 52 години пронајдена жива и здрава

Мистеријата за исчезнувањето на Шила Фокс од Ковентри е решена по 52 години, со што заврши еден од случаите на најдолго исчезнати лица во Велика Британија.

Шеесет и осумгодишната Фокс исчезнала од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години. Во тоа време, полицијата на Вест Мидлендс изјави дека таа живее со своите родители и дека можеби била во врска со маж.

Полицијата тогаш оставила можност таа да се иселила од областа.

На крајот на минатата недела, полицијата започна нова акција за пребарување, објавувајќи на веб-страницата и социјалните мрежи фотографија од времето на нејзиното исчезнување.

За неколку часа, неколку луѓе контактирале со нив, а во средата полицајците потврдиле дека Фокс е жива и здрава. Тие рекоа дека живее во друг дел од земјата.

-Среќни сме што можеме да го објавиме крајот на еден од најдолготрајните случаи на исчезнати лица. Полицијата пронашла една фотографија од времето на нејзиното исчезнување. Неколку часа по објавувањето, луѓето не контактираа со информации кои довеле до нејзиното откривање, рече портпаролот на полицијата.

Џена Шо, од тимот за истражување на случајот, рече дека пребарале се што им паднало во рака и успеале да најдат фотографија од Шила.

-Ние сме мал тим, и успеавме да го решиме овој случај. Секое исчезнато лице има приказна и нивните семејства и пријатели заслужуваат да знаат што се случило со нив и се надевам дека ќе бидат повторно обединети, додаде таа.

To top