Занимливости

Австралиец го прослави 102 роденден и испрати важна порака: „Децата денес немаат почит и манири“

Австралиец го прослави 102 роденден и испрати важна порака: „Децата денес немаат почит и манири“

Во 1920-тите, очекуваниот животен век бил значително пократок – многу луѓе дури и не живееле до 50 години, а достигнувањето 100 години било речиси незамисливо. Денес, меѓутоа, 100-тиот роденден станува сè помалку реткост. Еден од оние што ја преминале таа граница е Австралиецот Брајан Бери. Тој го прославил својот 102-ри роденден на 6 февруари и споделил неколку совети.

Брајан, кој е наречен „супер старец“ поради неговата виталност и бистрина на умот, бил поканет во емисијата „Sunrise“ по неговиот роденден. Таму, тој рекол дека тајната на неговата долговечност ја гледа во едноставните одлуки

– „Не пијам ниту пушам. Како момче, никогаш не помислив дека ќе живеам до 102 години. Кој мисли дека ќе живее до 102 години?, признал тој.

Тој, исто така, се осврнал на промените во општеството, велејќи дека „животот целосно се променил“ и дека денес е „различен свет“. Кога го прашале што мисли за денес, тој рекол дека е „изненаден“.

-Децата немаат почит, додаде тој.

-Татко ми ќе ме повлечеше за уво ако не ја отворев вратата за мајка ми или не станев од столчето за постара дама да седне во трамвајот. Знаете, манирите се земаа здраво за готово. Тоа се учеше дома, а денес е поинаку, вели Брајан.

Истражувачите кои се занимаваат со деменција истакнуваат дека начинот на живот на Брајан е одличен пример за здраво стареење и зачувување на мозокот во староста. Тие велат дека вежбањето, социјалниот живот, избегнувањето цигари и прекумерниот алкохол, како и чувството за цел и помагањето на другите се во негова корист – сето тоа, веруваат тие, му помага да остане остар.

Истражувачите од CHeBA (Центар за здраво стареење на мозокот) исто така додаваат дека позитивниот став многу му значел. Кога го прашале што е првото нешто што му поминува низ главата наутро, Брајан го открил својот мал ритуал.

-Секое утро кога ќе се разбудам, си велам: „Брајан, тука си уште еден ден. Фала му на Бога, заклучил тој.

Најнови вести од Занимливости

To top