Контејнер со 15 тони гумени бонбони со овошје е украден од камион паркиран на автопат во Германија, соопшти полицијата.
Возачот го оставил камионот на бензинска пумпа на автопатот во близина на северниот град Нојштат-Глеве околу 7:45 часот наутро во вторник. Кога 41-годишникот се вратил околу 8:45 часот наутро, контејнерот го немало, заедно со бонбони во вредност од 250.000 евра.
Сè уште не е познато како крадците успеале да го подигнат контејнерот од камионот сред бел ден без да бидат забележани. Полицијата започна истрага.