Стриминг сервисот „Spotify“ има големи планови за стриминг пазарот, па до крајот на овaa декада ќе го зголеми бројот на своите корисници, на дури 1 милијарда, што нема да биде лесно на овој исклучително конкурентен пазар на којшто се достапни различни музички стриминг сервиси.
Освен зголемувањето на вкупниот број на корисници, во фокус се и премиум корисниците, односно претплатниците на нивниот сервис, а според процените на аналитичарите, нивниот број месецов би можел да достигне 239 милиони.
Но, за да ги задржат постоечките и да привлечат дополнителни корисници, особено претплатници, во компанијата константно размислуваат за новитетите со кои би ја зголемиле конкурентноста на својот сервис и на корисниците би им овозможиле некоја вредност повеќе.
Тие и претходно така ја прошириле својата понуда на поткасти и аудиокниги, а минатата година почнале да се фокусираат и на видео.
Така тие ја претставиле опцијата за кратки видеа наменети на музиката, а начинот на којшто со песните на овој сервис би можеле да се објавуваат вертикални видеа е во траење до 30 секунди.
После кратките видеа, компанијата сега има повеќе планови со видеозаписи и влез на територијата со која владее Јутјуб, а треба да се потсети дека и опцијата видеа е достапна и на некои конкурентни сервиси како што е „Apple Music“.
„Spotify“ така го започнува тестирањето со музичките спотови, а како што нагласуваат ова е уште еден потег со којшто сакаат да ја зголемат својата корисничка база и да привлечат нови претплатници.
Спотовите на корисниците ќе почнат да им се прикажуваат од оваа седмица, но поради тоа што станува збор за тестирање на оваа опција, барем засега, истата нема да им биде достапна на сите, туку само на дел од корисниците.
Спотовите се наменети само за претплатниците и на почеток оваа опција ќе биде ограничена на пазарите како Велика Британија, Германија, Италија, Шведска, Бразил, Филипини…