Технологија

Спотифај повторно ги зголемува цените во САД, а истото се очекува и на западните пазари

Спотифај претходно ги зголеми цените во јули минатата година, кога премиум планот се зголеми од 9,99 долари на 10,99 долари.

Спотифај повторно ги зголемува цените во САД, а истото се очекува и на западните пазари

Познатата платформа за стриминг на музика Спотифај најави зголемување на цените на своите услуги од јули во САД, но се очекува тоа да се прошири и на западните пазари во периодот што следи.

Премиум планот на Спотифај ќе чини 11,99 долари месечно, за еден долар повеќе од претходните 10,99 долари. За планот Duo, кој користи двајца корисници, ќе биде поскап за два долари и изнесува 16,99 долари.

Семејниот план се зголемува за три долари на 19,99 долари. Студентскиот план е единствениот чија цена од 5,99 долари месечно нема да се промени.

Интересно, новата цена ќе го направи Спотифај поскап од Apple Music во САД, кој сè уште чини 10,99 долари и 16,99 долари месечно за индивидуален и семеен план, соодветно.

Сепак, овој потег на Спотифај може да го „мотивира“ Apple и да ги зголеми цените за да одговараат на својот ривал.

На Спотифај во изминатиот период му оди доста добро, приходите се зголемени за 20 отсто, а претплатниците за 14 отсто. Значи, тоа не е очајнички потег за да заработат повеќе пари, туку обид да се искористи најдоброто од убавите времиња.

Спотифај претходно ги зголеми цените во јули минатата година, кога премиум планот се зголеми од 9,99 долари на 10,99 долари.

To top