Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ наводно развива нов модел на конзолата „Плејстејшн 5“ што би требало да има помоќен графички процесор и да е до трипати побрз од постоечките „ПС-5“ верзии.
Според гласините, „ПС-5 про“ се развива под шифрата „Тринити“. Том Хендерсон од „Инсајдер гејминг“ наведува дека според неофицијалните информации што „протекле“ во јавноста, конзолата треба да се појави на пазарот на крајот на оваа година. „Спектралната суперрезолуција“ на „Плејстејшн“ исто така се споменува, како и тн. машинско учење. Тоа би можело да значи зголемување на резолуцијата до 8-К во наредните верзии на „Плејстејшн“.
Наводите говорат и дека „ПС-5 про“ ќе има 45 отсто подобри перформанси за рендерирање во споредба со „ПС-5“.
Хендерсон тврди и дека „Про“ ќе ја следи неодамнешната надградба со поддршка за отстранлив диск, системска меморија, брзина од 576 гигабајти – 28 отсто поголема од обичниот „ПС-5“, како и подобар хардвер за обработка на аудиоефектите. Исто така, би требало да го има истиот процесор како и основниот „ПС-5“, но со МОД со висока фреквенција на процесорот што оди и до 3,85 гигахерци. Тоа би претставувало зголемување од 10 отсто, но и забавување на графичкиот процесор за околу 1,5 отсто.
„ПС-5 про“, според наводите, треба да се појави на пазарот во ноември оваа 2024 година. (МИА)