Администрацијата на претседателот на САД ќе забрани американските компании и граѓани да ги користат софтверските производи на руската „Касперски лаб“, соопшти синоќа „Си-ен-ен“ повикувајќи се на пет службеници запознати со ова.
Според нив, забраната е поврзана околу „обзир по националната безбедност“. Од Белата куќа сметаат дека руските власти можат да ги искористат податоците што ги има „Касперски“ за упад или следење на американските компании и граѓани. На тој начин би се намалил ризикот за критично важната инфраструктура на САД.
Се дознава дека наредбата е во фаза на доработка, но решението да се воведе забраната официјално треба да биде објавено во април.
Во 2017 година оваа антивирусна програма беше забраната од Министерството за внатрешна безбедност на САД, но забраната важеше само за сојузните органи на власта и поради сомневања дека компанијата има врска со руските специјални служби. Мерката не се однесуваше за приватните лица и компании.
Од „Касперски“ тогаш изјавија дека се разочарани од одлуката бидејќи американските власти не прикажале доказ дека компанијата има врски со руските специјални служби.
Во 2017 година околу 4 отсто од сите програми за заштита на крајните корисници во САД биле на „Касперски“. Продуктите на компанијата моментално се користат од 400 милиони луѓе и 240.000 компании низ целиот свет. (МИА)