Технологија сателит

Рускиот одговор на Starlink ќе пристигне во 2026 година

Русија планира да започне сериско производство на домашна сателитска интернет мрежа во 2026 година, што треба да претставува одговор на американскиот Starlink.

Рускиот одговор на Starlink ќе пристигне во 2026 година

Русија планира да започне сериско производство на домашна сателитска интернет мрежа во 2026 година, што треба да претставува одговор на американскиот Starlink.

Според најавите, проектот наречен „Рассвет“ (Зора) вклучува формирање на голема констелација сателити во ниската Земјина орбита, чија цел е да обезбеди широкопојасен интернет низ целата територија на Русија, вклучувајќи ги и оддалечените и тешко достапните региони како што се Сибир и Арктикот.

Планирана е и сателитската констелација „Зорки“, која ќе овозможи производство на дигитални мапи во реално време.

Планирано е до 2027 година да има повеќе од 300 сателити во орбитата, додека системот првенствено би бил наменет за домашниот пазар, државните институции, економијата и безбедносните структури. Руските власти истакнуваат дека проектот е дел од поширока стратегија за технолошка независност и намалување на зависноста од западните комуникациски системи.

Покрај сателитите за интернет комуникација, Русија паралелно развива и други орбитални платформи, вклучувајќи сателити за снимање на Земјата и навигација, кои би можеле да се користат во автономни возила, логистика и беспилотни системи.

Иако обемот на руската мрежа нема да биде споредлив со Starlink, кој веќе има неколку илјади активни сателити, домашниот систем треба да обезбеди стабилна и безбедна врска во рамките на националните граници.

Првите тестови на опремата и инфраструктурата се очекуваат во текот на следните две години, додека комерцијалната употреба би можело да започне кон крајот на оваа деценија.

To top