Технологија ажурирање

Предупредување: Итно ажурирајте го Google Chrome!

Google објави нов безбедносен patch за Chrome, откако беа откриени две ранливости, од кои едната веќе е искористена од сајбер криминалци.

Предупредување: Итно ажурирајте го Google Chrome!

Google објави нов безбедносен patch за Chrome, откако беа откриени две ранливости, од кои едната веќе е искористена од сајбер криминалци.

Во соопштението на компанијата се вели дека „ранливоста CVE-2025-13223“ е сериозен безбедносен пропуст предизвикан од грешка во „type confusion“ во Google Chrome V8 JavaScript.

Овој пропуст беше откриен минатата недела од член на тимот за анализа на сајбер закани на Google, кој често идентификува zero-day напади од државни актери во шпионски кампањи насочени кон корисници со висок ризик – новинари, опозициски политичари и разни активисти.

Google веднаш ја „закрпи“ оваа zero-day верзија со нови верзии на прелистувачот Chrome: 142.0.7444.175/.176 за Windows, 142.0.7444.176 за macOS и 142.0.7444.175 за Linux.

Иако овие верзии постепено ќе се достапни за сите корисници во каналот Stable Desktop во текот на наредните недели, „закрпата“ е веќе достапна, објави Bleeping Computer.

Chrome обично се ажурира автоматски штом ќе пристигне нова безбедносна „закрпа“, но корисниците можат да ја проверат верзијата и рачно со одење во Chrome > Help > About Google Chrome. Откако ќе заврши преземањето, само кликнете на „Relaunch“ за да ја инсталирате најновата верзија.

To top