Технологија целосно бришење на апликациите

Предизвик за февруари без социјални мрежи

Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани, особено кај децата, се одамна видливи. Поради тоа, Високиот здравствен совет на Белгија препорачува живот без екрани, особено пред втората година од животот, без социјални мрежи пред 13-годишна возраст и без паметни телефони во училиштата.

Предизвик за февруари без социјални мрежи

Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF).

Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на вештачката интелигенција. Според телевизијата, времето поминато пред екраните сè повеќе се доживува како товар, а не како задоволство.

Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани, особено кај децата, се одамна видливи. Поради тоа, Високиот здравствен совет на Белгија препорачува живот без екрани, особено пред втората година од животот, без социјални мрежи пред 13-годишна возраст и без паметни телефони во училиштата.

Иако ваквите препораки варираат од земја до земја, нивната цел е заедничка – спречување на зависноста и негативните последици од дигиталната обседнатост уште од рана возраст. Кај возрасните, пак, откажувањето од вкоренетите дигитални навики е значително потешко, иако волјата постои. Според истражување, 64 проценти од Французите изјавиле дека би прифатиле „дигитална детоксикација“. Токму на тоа се надоврзува шпанската иницијатива „Од февруари“ (OFF February“), која годинава за првпат се спроведува и во Франција, Велика Британија и САД. Предизвикот е едноставен – сите социјални мрежи да бидат избришани во текот на февруари.

Според Виктор Ферсинг, раководител на движењето, во Франција, целта е да се намали хиперповрзаноста и да се преиспита односот на луѓето кон екраните. Тој нагласува дека социјалните мрежи се дизајнирани да го задржат вниманието и да собираат податоци, а не да придонесат за благосостојбата на корисниците. Ферсинг предупредува дека постојаната дигитална поврзаност, води кон изолација и ослабување на социјалните врски во реалниот свет. Иако трајното откажување од социјалните мрежи засега е тешко остварливо, организаторите се надеваат дека иницијативата ќе поттикне подолгорочна промена во начинот на нивна употреба. Целта, како што се наведува, не е целосна забрана, туку користење на социјалните мрежи само кога тоа е навистина неопходно.

To top