Технологија

Падна ChatGPT

Падна ChatGPT

OpenAI објави сериозни технички проблеми со својата најпопуларна услуга вечерва.

Корисниците на ChatGPT низ целиот свет се соочуваат со зголемени стапки на грешки и значително влошени перформанси.

Според официјалниот извештај за статусот на OpenAI од 3 февруари 2026 година во 21:32 часот, проблемите се идентификувани и тимот интензивно работи на имплементирање на привремено решение (ублажување).

Моментално не е познато колку долго ќе трае прекинот, но услугата е во голема мера недостапна или работи со големи тешкотии.

OpenAI вети редовни ажурирања на својата страница за статус.

Поврзани теми

To top