Технологија

Ова е најпродаваниот “Android” во првата половина од годината

Ова е најпродаваниот “Android” во првата половина од годината

“Android” уредите конечно ги достигнуваат моделите на “iPhone”, според најновиот глобален извештај за продажба на телефони.

Компанијата “Omdia” ги објави резултатите од најпродаваните телефони во првите шест месеци од оваа година, а првите десет места беа поделени „на еднакви делови“ – пет модели на “iPhone”, и пет “Android”.

На прво место е “iPhone 15 Pro Max” со 21,8 милиони продадени единици, а по него е “iPhone 15” (17,8 милиони).

Најпродаван “Android” во првата половина на 2024 година беше “Samsung Galaxy A15”, кој беше продаден во 17 милиони единици. Ова, сепак, беше доволно само за третото место на вкупната листа.

Следат “iPhone 15 Pro” (16,9 милиони) и “Samsung Galaxy S24 Ultra” (12,6 милиони).

Во втората половина од Топ 10 листата се “iPhone 13”, “Samsung Galaxy A15 5G”, “Xiaomi Redmi 13 C”, “iPhone 14” и, на десеттата позиција, “Samsung Galaxy A05”.

To top