Парламентот на Португалија денеска на прво читање го изгласа предлог-законот со кој децата на возраст од 13 до 16 години за да се вклучат на социјалните мрежи ќе мора да имаат согласност и од родителите.
Предлагачите од владејачката Социјалдемократска партија истакнаа дека мерката е неопходна за заштита на децата од кибер малтретирање, штетната содржина и луѓе кои го користат интернетот и социјалните медиуми за да намамат малолетници.
Предвидено е да се користи систем преку кој родителите би дале согласност за регистрација и пристап до социјалните мрежи. Мерката ќе помогне и во спроведувањето на постојната забрана за деца под 13 години да користат социјални медиуми, платформи за споделување видеа и слики или страници за онлајн обложување.
Во Австралија од декември минатата година на децата под 16 години им е забранет пристап до социјалните мрежи.
Минатиот месец, Долниот дом на францускиот Парламент, исто така, поддржа закон за забрана на пристап до социјалните медиуми за деца под 15 години, поради растечките загрижености за онлајн малтретирање и ризици по менталното здравје. (МИА)