Технологија спогодба

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

Гугл ги негираше причините за тужбата, но сепак се согласи за спогодба, за да ги избегне ризиците, трошоците и неизвесноста од судски спор.

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

Корисниците на Гугл поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ („Google Assistant“), нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони, снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите, со цел да да им испраќа таргетирани реклами.

„Првичната спогодба е поднесена до Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и се чека да биде одобрена од судијката Бет Лабсон Фримен, пренесува ЦНБС“ (CNBC).

Гугл ги негираше причините за тужбата, но сепак се согласи за спогодба, за да ги избегне ризиците, трошоците и неизвесноста од судски спор. Доколку судот го прифати нивниот меѓусебен договор, обесштетување ќе добијат корисниците на Гугл од 18 мај 2016 година. Адвокатите на тужителите имаат право да побараат до една третина од фондот за спогодба за судски трошоци, а сумата изнесува околу 22 милиони долари.

To top