Технологија автомобилизам

ФОТО+ВИДЕО: Најреткото „Lamborghini“ продадено за луда цена

Италијанскиот производител „Lamborghini“ го создаде моделот „Egoista“ како автомобил што треба да биде музејско дело и да стане симбол на можностите на брендот.

ФОТО+ВИДЕО: Најреткото „Lamborghini“ продадено за луда цена

Италијанскиот производител „Lamborghini“ го создаде моделот „Egoista“ како автомобил што треба да биде музејско дело и да стане симбол на можностите на брендот.

Сепак, излегува дека уникатниот модел бил продаден на швајцарски колекционер за 117 милиони долари, што го прави најскапото „Lamborghini“ во историјата и вториот најскап автомобил.

$117 million Lamborghini Egoista. What even is this beast….
byu/ishanG24 inlamborghini

Сè уште нема официјална потврда за зделката од „Lamborghini“. „Egoista“ е создаден во 2013-та година за да ја прослави 50-годишнината на брендот и е најхрабриот експеримент на „Lamborghini“ досега. Неговото име се преведува како „егоист“ и тоа целосно го одразува концептот на автомобилот – кокпит со едно седиште инспириран од кабината на борбен авион, кој ја нагласува неговата намена – место за само едно лице.

„Egoista“ беше претставен на приватен настан за неколку избраници и веднаш го зазеде своето место во музејот „Lamborghini“ во Санта Агата Болоњезе. Суперавтомобилот го придвижува 5,2-литарски V10 кој произведува 591 ks и 560 Nm вртежен момент. Со тежина од само 950 kg, автомобилот забрзува до 100 km/h за 2,4 секунди и достигнува максимална брзина од 350 km/h.

Каросеријата и внатрешниот дизајн се направени од карбонски влакна, а кабината изгледа футуристички. За да седне на столот, возачот мора да го извади воланот, како што е кај болидите на Формула 1, појасите со четири точки и електронските контролни системи ја нагласуваат ориентацијата за екстремни спортови.

Отсуството на „Egoista“ во музејот „Lamborghini“ во последните месеци поттикна гласини дека автомобилот е продаден. Претставниците на брендот тврдат дека „Egoista“ патува низ светот за да учествува на настани затворени за јавноста, но според влогерот „Supercar Blondie“, автомобилот веќе е продаден за рекордна сума.

Теми на денот

To top