„Опен ал“ (OpenAI) најави нова функција наречена „ЧЕТ- ЏПТ- Здравје“ (ChatGPT Health), која ќе им овозможи на корисниците посебен простор за разговори поврзани со здравјето и благосостојбата. Според податоците на „Опен ал“, повеќе од 230 милиони луѓе неделно го користат „ЧЕТ-ГПТ“ за прашања поврзани со медицински теми. Со новата функција, ваквите разговори ќе бидат одвоени од стандардните сесии, а целта е подобра приватност и заштита на чувствителните информации.
Доколку корисникот се обиде да отвори здравствена тема надвор од „ЧЕТ-ГП-Здравје“, системот ќе го насочи кон оваа наменска функција. Во рамки на „Здравје“, вештачката интелигенција ќе може да користи податоци од претходни разговори, со цел да обезбеди поконзистентни и порелевантни одговори. „ЧЕТ-ГП-Здравје“ ќе овозможи и обединување со здравствени и апликации за благосостојба, што ќе овозможи поцелосен увид во навиките и здравствената состојба на корисникот.
Од „Опен ал“ нагласуваат дека овие разговори нема да се користат за тренирање на нивните модели. Извршната директорка за апликации во „Опен ал“,Фиџи Симо вели дека новата функција е поради проблемите во здравствениот систем, меѓу кои високите трошоци, ограничениот пристап до лекари и недостатокот од континуитет во здравствената грижа.
Сепак, експертите предупредуваат дека употребата на апликацијата за медицински совети носи и ризици. Поради тоа, од фирмата нагласуваат дека апликацијата „Чет-ГПТ „Здравје“ не е наменета за дијагностицирање или лекување на здравствени состојби, а истата се очекува да им биде достапна на корисниците во наредните недели.