Компанијата OpenAI објави дека нејзиниот четбот ChatGPT сега има 200 милиони неделни активни корисници, што е двојно повеќе во споредба со ноември минатата година.
Бројот на корисници не е единствениот голем раст што OpenAI го забележа во изминатата година. Извршниот директор Сем Алтман, наводно, им рекол на вработените ова лето дека очекуваниот годишен приход е 3,4 милијарди долари, додека на крајот на 2023 година бил 1,6 милијарди долари.
Apple, Nvidia и Microsoft се во преговори за инвестирање во OpenAI, а единствениот познат детал за оваа инвестиција е дека ќе ја зголеми вредноста на OpenAI на повеќе од 100 милијарди долари.
Microsoft инвестираше 13 милијарди долари во компанијата од 2019 година, додека Apple откри дека ChatGPT ќе сочинува голем дел од иновациите поврзани со Apple Intelligence. Microsoft и Apple се откажаа од своите места во одборот на OpenAI ова лето, откако Европската комисија изрази загриженост за монополот поврзан со блиските односи на компаниите.